Дописници МКДОпштински вести

Почна да се гради повеќенаменско спортско игралиште во тетовска Голема Речица

Со средствата на Општина Тетово почна да се гради повеќенаменски спортски терен во тетовска Голема Речица. Станува збор за игралишта кои се градат веднаш до училишната спортска сала  на ООУ „Прпарими“, со што населеното место ќе добие еден спортски комплекс.

Тетово, 6 мај 2021 (МИА) – Со средствата на Општина Тетово почна да се гради повеќенаменски спортски терен во тетовска Голема Речица. Станува збор за игралишта кои се градат веднаш до училишната спортска сала  на ООУ „Прпарими“, со што населеното место ќе добие еден спортски комплекс.

-Кај основното училиште во Голема Речица се работи на реализација на проектот за мултифункционален спортски терен. Се работи за терен за фудбал и мал фудбал како и терен за кошарка. Сакам да се заблагодарам на директорот на училиштето за ангажманот да се реализира овој проект-инвестиција од околу 2,5 милион денари, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Според објавата на електронскиот систем за јавни набавки, проектот претставува реконструкција на веќе постоечко игралиште, а вкупниот износ со данок на додадена вредност е 2.870 763 денари, или над 46 илјади евра.

Покрај изградбата на спортските терени, општината обезбеди бетонски плочки за  санирање на оштетениот пат на влезот во селото.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close