Дописници МКДОпштински вести

Почит за Илинденците во Крушево

Со панихида за загинатите илинденци во црквата „Свети Никола“, во Крушево почнаа чествувањата за Илинден и за 118 годишнината од Илинденското востание.

Крушево, 2 август 2021 (МИА) – Со панихида за загинатите илинденци во црквата „Свети Никола“, во Крушево почнаа чествувањата за Илинден и за 118 годишнината од Илинденското востание. На панихидата присуствуваше претседателот Стево Пендаровски кој е домаќин на годинашното одбележување на Илинден во историско Крушево.

Бројни делегации, на претседателот Стево Пендаровски, од Собранието, од Владата, од Генералштабот и Армијата, од градот Крушево, на здруженија и на партии положија венци и свежи цвеќиња и се поклонија пред гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република во Македониумот на Гумење во Крушево. Пред споменикот се одржа и програма што ја приреди баталјонот за почести при Армијата.

Претседателот Пендаровски и делегациите се поклонија и пред споменикот на илинденците во месноста Слива.

Од 18 часот е централното чествување за Илинден на Мечкин Камен.ем/ир/

Таг
Back to top button
Close
Close