Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Почината жена пронајдена во куќа во Охрид, според увидот нема траги на насилство

Во полицијата во Охрид вчера во 14.35 часот било пријавено беживотно тело на жена во куќа на улицата „Даме Груев“.

Охрид, 16 април 2021 (МИА) – Во полицијата во Охрид вчера во 14.35 часот било пријавено беживотно тело на жена во куќа на улицата „Даме Груев“.

Полицијата извршила увид во присуство на јавен обвинител и медицинска екипа при што е констатирано дека се работи за Љ.Т. (85) од Битола.

Од извршениот увид од страна на лекар на Службата за итна медицинска помош е констатирано дека нема траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. аб/хс/

Back to top button
Close
Close