0_Спорт.ПорталРакомет

Почина Златан Сарачевиќ, легенда на југословенскиот и хрватскиот ракомет

Вчеравечер на 60-годишна возраст во Копривница почина Златан Сарачевиќ.

Загреб, 22 февруари 2021 (МИА) – Вчеравечер на 60-годишна возраст во Копривница почина Златан Сарачевиќ.

Сарачевиќ е носител на златен медал со Хрватска од Олимиските игри во Атланта 1996 година, а беше дел и од репрезентацијата на поранешна Југославија која го освои третото место на ЛОИ во Сеул 1988 година.

Смртта на Сарачевиќ најверојатно е предизвикана од срцев удар. Тој по вчерашниот меч меѓу Копривница и Подравка бил пренесен во болница, откако се пожалил на тегоби. Иако се обидувале да му го спасат животот, лекарите не успеале да го реанимираат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close