0_Магазин.ПорталСцена

Почина ѕвездата од филмот „Милионер од гетото“

Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор - ретка болест поврзана со хормоните и крвта.

Мумбај, 29 април 2020 (МИА) – Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото (Slumdog Millionaire), како и од „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот глумец Ирфан Кан почина на 53 години.

Глумецот починал во болница во Мумбај, Индија.

Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор – ретка болест поврзана со хормоните и крвта.

Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој бил примен в болница со инфекција на дебелото црево, како последица од ракот.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close