0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталКултураКултура.Портал

Почина српската писателка Исидора Бјелица

Српската писателка Исидора Бјелица почина денеска на 52-годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Српската писателка Исидора Бјелица почина денеска на 52-годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.

Веста за српските медиуми ја потврди издавачката куќа „Лагуна“.

Исидора Бјелица е родена на 10 декември 1967 година каде и завршила гимназија, а потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек драматургија, и магистрирала со тезата „Технотрилер како современ облик на трагедија“.

Авторка е на над 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа пишувала и повеќе театарски текстови и радио драми.

Режисерка е на филмот „Дорќол-Менхетн“, а во театар ја режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг, Небојша Пајкиќ, „Мархатана“.

Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од тоа „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Бјелица долги години се бореше со болеста, за којашто често пишуваше во своите  книги, но и за што често говореше во јавноста. нд/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close