Општество

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МРТВ

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија, каде што го помина работниот век од 40 години.

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија, каде што го помина работниот век од 40 години.

Собранието го именуваше Трајковски за генерален директор на МРТВ во јуни 1996 година, по разрешувањето на Мелпомени Корнети.

Во телевизијата работеше од 1969 година до јуни 2010 година.

Во неговата богата професионална кариера е и функцијата Генерален конзул во Торонто.

Back to top button
Close
Close