ЕвропаЕвропа.Портал

Пoчина поранешниот француски министер Патрик Девеџијан од коронавирус

Патрик Девеџијан, претседател на департманскиот совет на Горна Сена и поранешен француски министер, почина на 75 години. Тој беше хоспитализиран од средата и е прв француски политичар кој почина од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Париз, 29 март 2020 (МИА) – Патрик Девеџијан, претседател на департманскиот совет на Горна Сена и поранешен француски министер, почина на 75 години. Тој беше хоспитализиран од средата и е прв француски политичар кој почина од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Поранешниот министер на 26 март објави дека има коронавирус. – Јас сум погоден од епидемијата, затоа можам да посведочам директно за исклучителната работа на лекарите и целиот медицински персонал. Испраќам многу голема благодарност за нивната постојана помош на сите болни, напиша тогаш на Твитер.

Тој беше министер под претседателство на Жак Ширак и Никола Саркози. Адвокат по професија, поранешен пратеник за 13-та изборна единица на Горна Сена од 1986 до 2017 година. Исто така беше портпарол на РПР од 1999 до 2001 година и генерален секретар на УМП од 2007 до 2008 година.

Патрик Девеџијан беше оженет и татко на четири деца. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close