0_Магазин.ПорталВидеоСцена

Почина комичарот Нед Бити

Нед Бити, можеби најпознат по улогите во „Мрежа“ (Network), „Достава“ (Deliverance), „Супермен“ и други филмови, почина на 83-годишна возраст.

Лос Анџелес, 14 јуни 2021 (МИА) – Американскиот комичар и глумец Нед Бити, можеби најпознат по улогите во „Мрежа“ (Network), „Достава“ (Deliverance), „Супермен“ и други филмови, почина на 83-годишна возраст.

– Нед почина од природна смрт во неделата наутро, опкружен со неговото семејство и најблиските. Неговото семејство одлучи да не дава повеќе подробности овој миг. Нед беше икона, легендарен талент, како и драг пријател. На сите ќе ни недостига, изјави неговата менаџерка Дебора Милер.

Тој е роден во Луисвил, Кентаки, САД. До 2013 година, кога и се пензионираше, глумел во 165 филма и ТВ-серии. За својата куса, но моќна улога во филмот „Мрежа“ од 1976 година, заработи и номинација за Оскар за споредна улога. Почина во својот дом во Лос Анџелес, Калифорнија.  си/

Back to top button
Close
Close