Дописници МКДОпштински вести

Почина градежен работник во Штип

Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски за МИА информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип

Штип, 6 април 2020 (МИА) – Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски за МИА информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип.

Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.

Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата. вдј/аа/

Back to top button
Close
Close