0_Магазин.ПорталСцена

Почина чешкиот режисер Јиржи Менцел

Менцел беше познат по филмовите кои комбинираа хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативна сатира. Тој беше важен дел од чешкиот „нов бран“.

Прага, 7 септември 2020 (МИА) – Познатиот чешки режисер и глумец Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст, објави вчера неговата сопруга Олга на Фејсбук.

Менцел беше познат по филмовите кои комбинираа хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативна сатира. Тој беше важен дел од чешкиот „нов бран“.

Неговиот филм „Строго контролирани возови“ (Ostre sledované vlaky) 1966 година го освои Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а комедијата „Моето мало село“ (Vesnicko má stredisková) од 1985 година беше номинирана во истата категорија.

Како режисер се потпиша зад 29 продукции, а глумел во 80 филмски и ТВ-проекти. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close