0_Магазин.ПорталДизајн

Почина јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото

Кансај е можеби најпознат по својата соработка со американскиот пејач Дејвид Боуви, но и како своевиден пионер во модната индустрија во Јапонија во 1970-тите.

Токио, 27 јули 2020 (МИА) -Јапонскиот моден дизајнер Кансаи Јамамото почина на 76-годишна возраст, од леукемија. Веста за смртта ја соопшти неговата ќерка денеска.

„Тој го напушти овој свет мирно, опкружен од саканите. Во моите очи, мојот татко не беше само електричната и енергична душа што светот ја знаеше, туку и некој со секогаш добра мисла, чисто срце и силно влијание“, напиша на Инстаграм јапонската глумица Мирај Јамамото.

Кансај е можеби најпознат по својата соработка со американскиот пејач Дејвид Боуви, но и како своевиден пионер во модната индустрија во Јапонија во 1970-тите. Во своите забележителни дизајни, тој често вметнуваше и јапонски народни мотиви.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close