0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДОпштество

Почина 19-годишното момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајката на 16 јануари

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

Тетово, 19 јануари 2020 (МИА) – Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник“. Се судрија товарно возило „мерцедес“ со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино. ас/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close