0_Спорт.ПорталФудбал

Почетино пред реваншот со Ајакс: Нема што да загубиме

Аргентинецот додаде дека никој не очекувал од нив да стигнат до оваа фаза од турнирот.

Амстердам, 7 мај 2019 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино верува дека неговиот тим има сили да ја израмни негативата од првиот натпревар и да го отстрани Ајакс од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Тотенхем загуби дома со 0:1 во првиот натпревар пред една недела, но Почетино ги советува своите играчи да не мислат за заостанувањето во резултатот, туку да уживаат во моментот од можноста да играат во полуфинале на најпрестижниот турнир.

– Ајакс одигра исклучително силни први 30 минути во Лондон. Ајакс е талентиран тим со силни играчи и многу добар тренер. Целосно го заслужија пласманот во оваа фаза на турнирот. Негативниот резултат од првиот натпревар влијаеше и нашата задача е доста комплицирана, но уште ништо не е решено. Знаеме дека треба да победиме и ќе се обидеме да покажеме најдобар фудбал. Нема што да загубиме и се надевам дека момчињата ќе уживаат во моментот. Не очекува спектакуларен натпревар, прокоментира денеска Почетино.

Аргентинецот додаде дека никој не очекувал од нив да стигнат до оваа фаза од турнирот.

– Пред пет години целта беше да се избрише разликата со топ 4 тимовите во Англија. Потоа – да се пласираме во Лигата на Шампионите, а потоа да ја надминеме групната фаза. А еве сега играме полуфинале, рече Почетино.вз

Таг
Back to top button
Close
Close