0_Спорт.ПорталФудбал

Почетино „изгоре“ за натпреварите со Саутемптон и Ливерпул

Ова значи дека Аргентинецот нема да го предводи својот тим на клупата во натпреварите со Саутемптон и Ливерпул. Покрај тоа, Почетино беше казнет со парична казна од 10.000 фунти.

Лондон, 6 март 2019 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино беше казнет од Фудбалската асоцијација на Англија за два натпревари поради конфликтот со судијата Мајк Дин по крајот на дуелот со Барнли кој „петлите“ го загубија со 1:2.

Ова значи дека Аргентинецот нема да го предводи својот тим на клупата во натпреварите со Саутемптон и Ливерпул. Покрај тоа, Почетино беше казнет со парична казна од 10.000 фунти.

Самиот Почетино призна по натпреварот дека ја преминал границата, а потоа го прифати обвинението. Покрај тоа, тренерот на Тотенхем се извини на Мајк Дин јавно.

По инцидентот, ФА пак го повлече Дин од дербито меѓу Челзи и Тотенхем, каде што тој требаше да биде четврти судија.вз

Таг
Back to top button
Close
Close