ОпштествоСкопје

ПОЦ: За една недела санкционирани 190 непрописно паркирани возила

За само една недела санкционирани се вкупно 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на општина Центар.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – За само една недела санкционирани се вкупно 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на општина Центар.

– Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението.

Претпријатието апелира до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.свс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close