Svet.SlajderСветСвет.Портал

Побунетите војници во Мали ветија стабилизација на состојбата во земјата

Побунетите војници кои во воениот удар во Мали ги соборија претседателот и владата на оваа африканска земја, денеска ветија дека повторно ќе ја вратат стабилноста во земјата и ќе го надгледуваат преодниот период до изборите, за кои рекоа дека ќе се одржат во „разумен временски рок“.

Бамако, 19 август 2020 (МИА) – Побунетите војници кои во воениот удар во Мали ги соборија претседателот и владата на оваа африканска земја, денеска ветија дека повторно ќе ја вратат стабилноста во земјата и ќе го надгледуваат преодниот период до изборите, за кои рекоа дека ќе се одржат во „разумен временски рок“.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, синоќа поднесе оставка и го распушти парламентот, откако беше уапсен од вооружените војници, но и натаму е нејасно кој го предводи бунтот, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на бунтовниците, кои себе си се нарекуваат „Национален комитет за народен спас“, изјави дека тие сакаат да спречат Мали да потоне подлабоко во хаос.

Земјите партнери на Мали во регионот и од целиот свет вчера експресно го осудија воениот удар, стравувајќи дека соборувањето на Кеита ќе доведе до натамошна дестабилизација на оваа поранешна француска колонија и на регионот Сахел во Африка.

Пред воениот удар, Мали се соочуваше со криза предизвикана од бунт на џихадистите и од масовни протести. сд/

Back to top button
Close
Close