Избрано

Победа на Нетанјаху која не носи напредок

о Израел се одржаа трети парламентарни избори во една година. И овојпат составувањето влада нема да биде лесно, иако Бенјамин Нетанјаху прогласи своја „голема победа“. Петер Филип не гледа доаѓање на подобри времиња.

5 март 2020

Дојче Веле, Бон

Во Израел се одржаа трети парламентарни избори во една година. И овојпат составувањето влада нема да биде лесно, иако Бенјамин Нетанјаху прогласи своја „голема победа“. Петер Филип не гледа доаѓање на подобри времиња.

    
Israel Wahlen Benjamin Netanjahu (picture-alliance/AP Photo/D. Balilty)

На третите парламентарни избори во една година, победи досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата десничарска партија Ликуд . Тој славеше веќе неколку часови по затворањето на гласачките места, изјави дека тоа е „ноќ на големата победа“, дека доживеа успех без оглед на сите пречки, „од лимоните направи лимонада“, а од „Израел направи суперсила.“

Во моментот кога тој го држеше славеничкиот говор, беа пребројани само дел од гласачките ливчиња, но сепак се наѕираше дека Ликуд со 37 мандати ќе биде најсилна партија и со својот сојуз од повеќе десни и религиозни партии ќе достигне веројатно до 59 од вкупно 120 пратенички места во Кнесетот. Тоа навистина би бил најдобар резултат од изборите во 2015 година, но уште не е достигнување до потребното мнозинство од 61 пратеник. Центристичко-левиот сојуз на предизвикувачот Бени Ганц меѓутоа имаше четири мандати помалку од Ликуд, па се чинеше сосема јасно дека мандатот за состав на новата влада повторно ќе му биде доделен на Нетанјаху, иако тој по двата претходни избори не можеше да го исполни овој налог.

Валкани трикови и напади

Гледано чисто математички, на Биби, како што гласи прекарот на Нетанјаху меѓу неговите приврзеници, можеби овојпат задачата ќе му биде полесна, зашто меѓу уште непребројаните гласови можеби има уште понекој за него. Наспроти сите очекувања, излезноста на изборите со 71 процент ги надмина сите избори од 1999 година досега, а службите се погрижија да не пропадне ниеден глас. Така на пример беа организирани дури 16 гласачки места за 4.000 граѓани, кои поради сомнеж за заразеност со коронавирус се ставени во 14-дневен карантин. Тие беа возени до специјалните гласачки места, на кои беше присутен медицински персонал. По затворањето на гласачките места меѓутоа се појави проблем, зашто во почеток никој не беше подготвен да ги брои овие гласачки ливчиња.

Во предизборната кампања инаку повторно беа присутни валкани трикови за оцрнување на политичките противници и нивно дисквалификување во очите на избирачите. Така, еден сега веќе отпуштен советник на Ганц, со скриена камера бил снимен од поддржувачите на Нетанјаху при изјавата дека неговиот шеф е „преголема кукавица за да го нападне Иран“. Направени беа и различни напади против судството и посебно против генералниот обвинител, зашто тој за две недели сака да отвори процес процес против Нетанјаху поради корупција, злоупотреба на службена положба и поткуп.

Во „подготовка“ се натамошни мировни договори

Нетанјаху демантираше секаква своја вмешаност во оваа и други интриги, иако неговото учество во нив е јавна тајна. Во јавноста тој порадо се презеннтираше во улога на добротвор на нацијата, како и во неговиот победнички говор по изборот: тврдеше дека направил нови контакти со светски лидери, меѓу кои неверојатно многу од арапскиот и муслиманскиот свет.

Кога зборуваше за натамошни мировни договори, истакна дека тоа не се празни зборови, туку тие се веќе во „подготовка“.

Умислено тој пропушти да спомене дека односите со Јордан, кој во 1994 година склучи мир со Израел, во последно време се се` само не добри, како и дека палестинската Влада на претседателот Абас  ги прекина односите со него поради израелската доселеничка политика. Оној кој верува дека со натамошно владеење на Нетанјаху како премиер настапуваат подобри времиња, треба само да го потсетиме дека неговата влада, како што веќе најави, планира анектирање на големи делови од  долината на Јордан.

Back to top button
Close
Close