СветСвет.Портал

По затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон наводно се палат документи

По затворањето на кинескиот Конзулат во Хјустон, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како се пали хартија во дворот на објектот.

Хјустон, 22 јули 2020 (МИА) – По затворањето на кинескиот Конзулат во Хјустон, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како се пали хартија во дворот на објектот.

САД и наредија на Кина во рок од 72 часа да го затвори својот Конзулат во Хјустон во Тексас.

Пекинг го опиша овој потег како „политичка провокација“, а американскиот Стејт департмент соопшти дека одлуката е донесена „со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и приватните податоци“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека овој потег е „неоправдан“.

Кусо време потоа на социјалните медиуми почнаа да се објавуваат снимки на палење хартија во канти во дворот на конзулатот, кои ги снимиле неидентификувани сведоци. Телевизиските станици во Хјустон, КПРЦ и КХОУ, објавија дека на локалните пожарникари не им било дозволено да влезат во комплексот за да ја испитаат ситуацијата со пожарот, додека КХОУ пишува дека огновите подоцна биле изгаснати. јт/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close