БалканБалкан.ПорталДописници Свет

По убиството на иранскиот генерал, албанските демократи со поддршка за Трамп

Најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), по американскиот воздушен напад во Багдад, преку соопштение ја искажува поддршката за „ангажираноста на САД во борбата против тероризмот“.

Тирана, 3 јануари 2020 (МИА) – Најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), по американскиот воздушен напад во Багдад, преку соопштение ја искажува поддршката за „ангажираноста на САД во борбата против тероризмот“.

Исто така се наведува дека ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се убие иранскиот генерал Касем Сулејмани, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Одлуката на претседателот Трамп за напад врз еден од архитектите и предводниците на терористички активности е силен чин на лидерство и заштита на демократските вредности и мир, се наведува во соопштението на ПД објавено на Твитер.

Демократската партија, се наведува, во секое време, стои на страната на САД.

„Денеска во опозиција целосно солидаризирани и утре на власт, со целосна и активна посветеност за исполнување на своите обврски и придонеси во целосна поддршка на глобалната коалиција против тероризмот, предводена од САД“, се наведува во партиското соопштение.

Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, беше убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, во кој беше убиен и командантот на ирачките шиитски милиции, Абу Махди ал – Мухандис. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close