Дописници МКДОпштински вести

По пријава од граѓанин откриена уште една дива депонија во струмичко

По пријава од граѓанин откриена е уште една дива депонија во атарот на селото Добрејци кај Струмица. Лицето кое истурило отпад е пронајдено и од ЈПКД „Комуналец“ и комуналната инспекција му е наредено во рок од пет денови да го исчисти отпадот и локацијата да ја врати во првобитна состојба.

Струмица, 22 април 2021 (МИА) – По пријава од граѓанин откриена е уште една дива депонија во атарот на селото Добрејци кај Струмица. Лицето кое истурило отпад е пронајдено и од ЈПКД „Комуналец“ и комуналната инспекција му е наредено во рок од пет денови да го исчисти отпадот и локацијата да ја врати во првобитна состојба.

– За да не доаѓа до отворање на нови диви депонии апелираме до граѓаните градежниот и друг вид на отпад да го пријавуваат на бесплатниот телефонски број 13 110 и истиот ќе биде подигнат од пред нивниот дом. Во спротивно, секое истурање на одпад на јавни површини ќе биде санкционирано. Искажуваме голема благодарност до лицето кој го пријави последниот случај и ги охрабруваме граѓаните да пријавуват фрлање на отпад на јавни површини и со тоа сите заедно да кажеме стоп на дивите депонии, велат од струмичкото комунално претпријатие.

„Комуналец“ минатата година исчистил 27 диви депонии, а само во првите два месеци од годинава се појавиле 33 диви депонии и тоа на местата на исчистените. На нив има секаков отпад, па дури и остатоци од домашни животни. рт/рп/

Back to top button
Close
Close