Дописници МКДОпштински вести

По повод Рамазан Бајрам во сите џамии во Дебарско одржана утринска молитва

Во сите педесеттина џамии на дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, одржана беше утринска молитва (бајрамски намаз) по повод големиот муслимански празник Рамазан (Фитр) Бајрам.

Дебар, 24 мај 2020 (МИА) – Во сите педесеттина џамии на дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, одржана беше утринска молитва (бајрамски намаз) по повод големиот муслимански празник Рамазан (Фитр) Бајрам.

Бајрамската молитва, како што потврдуваат од муфтиството, во сите џамии се одвивала според мерките и препораките, односно носење заштитна маска и одржување на физичка дистанца.

По традиција, од изградбата на Саат кула џамијата која е во близина на центарот на градот, верниците беа најбројни токму во овој алахов храм. Со нив беше и таткото на градот Хекуран Дука и муфтијата Решат Качалнику.

И двајцата на верниците им поскаа да им биде прифатен рамазанскиот пост и молитвите, да имаат добро здравје, благостојба, да профолжи соживотот и меѓусебно почитување по кое е препознатлиот поширокиот дебарски регион.

Поради пандемијата со Ковид-19 за овој празник ќе изостанат меѓусебните посети на роднини, пријатели, соседи, а како што налага традицијата семејствата денеска ќе се соберат на заеднички бајрамски ручек. вт/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close