0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вестиСкопје

По повод 8 Март ученици од Кисела Вода ја посетија касарната „Илинден“

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март денеска повеќе деветтоодделенци од основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода ја посетија касарната „Илинден“, каде другаруваа со Ренџерскиот баталјон.

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март денеска повеќе деветтоодделенци од основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода ја посетија касарната „Илинден“, каде другаруваа со Ренџерскиот баталјон.

Од Општина Кисела Вода соопштија дека децата при посетата на касарната имале можност да се запознаат со подготвеноста на жените припаднички на баталјонот.

– Жените војници пред учениците изведоа демонстрација на вертикален маневар со користење на алпинистичка опрема, посочија од Општината.

Настанот во рамки на проектот „8 Март – Ден на жената“ се одржа во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт. см/сп/

Back to top button
Close
Close