Дописници МКДОпштински вести

По подолг период нема новозаразени со коронавирус во Кичево

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина останува на 178 лица, од кои 108 се активни, 61 се излекувани и девет лица се починати.

Кичево, 6 август 2020 (МИА) – Денеска нема нови лица заразени со коронавирусот во Кичево. Според податоците на Министерството за здравство, денеска не се забележани ниту оздравени пациенти, Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина останува на 178 лица, од кои 108 се активни, 61 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас по подолг период не се забележани за среќа новозаболени лица, нема ни оздравени лица од коронавирусот, информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции. рз/ир

Back to top button
Close
Close