Дописници МКДОпштествоОпштински вести

По пауза од една година продолжува традицијата за Илинден кај манастирскиот комплекс „Св.Илија“ во село Ѕвегор

ителите на делчевското село Ѕвегор по пауза од една година се подготвени да ја продолжат традицијата по повод Илинден кој е соборен ден во селото. Ванчо Новоселски, претставник на црковниот одбор на манастирскиот комплекс „Св. Илија“ каде по традиција се собираат мештаните и гостите намерници, информираше дека со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 во дворното место на овој комплекс, покрај традиционалниот црковен ручек на Илинден ќе се одржи и богата културно уметничка програма.

Делчево, 1 август 2021 (МИА) – Жителите на делчевското село Ѕвегор по пауза од една година се подготвени да ја продолжат традицијата по повод Илинден кој е соборен ден во селото. Ванчо Новоселски, претставник на црковниот одбор на манастирскиот комплекс „Св. Илија“ каде по традиција се собираат мештаните и гостите намерници, информираше дека со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 во дворното место на овој комплекс, покрај традиционалниот црковен ручек на Илинден ќе се одржи и богата културно уметничка програма.

– Утрешниот ден со почитување на сите мерки за заштита од пандемијата ќе се одржи во новоизградената трпезарија, која можеме да се пофалиме дека е една од најголемите изградени за ваков вид на прослави. Сите кои ќе дојдат на свечен ручек ќе бидат заштитени и во случај на мошне топло време и за време на дожд. На настанот ќе следува музичка програма со настап на Културно-уметничкиот друштво „Никола Јонков Вапцаров“ и фолклорната група „Копачка“, рече Новоселски.

Манастирот „Св. Илија“ е комплекс кој се гради од далечната 1990 година и како што додаде Новоселски интензивно во текот на годините продолжува да се гради со помош на мештаните и иселениците. Од неодамна пред влезот на комплексот е извршена реконструкција на постоечката чешма, а местото се наоѓа покрај Геолошкиот профил Ѕвегор кој од пред една година е заштитен од државата и е прогласен за културно наследство.

– Благодарност до сите кои придонесоа да се изгради ова место, се со цел да биде место каде Ѕвегорци ќе се собираат за големиот празник. И понатаму продолжуваме со изградба со тоа што понудиме да го ставиме и како туристичка понуда на Општината бидејќи самиот комплекс има услови за тоа, додаде Новоселски.

Традицијата со одење од куќа на куќа за Илинден во Ѕвегор веќе е изменета, најмногу поради тоа што комплексот со тек на годините како што додаде Новоселски прерасна во собиралиште на сите жители, иако како што дополни старата традиција за посета на домовите на граѓаните постои кај одредени семејства кои знаат да го испочитуваат празникот и на тој начин.

Кога се зборува за селото Ѕвегор, Новоселски посочува дека е мошне важно да се знае дека Ѕвегор е едно од најголемите села во делчевско. Моментално брои околу 1000 жители и како во повеќето села најголем проблем е иселувањето. Сепак бидејќи се наоѓа мошне близу до градската средина заедно со населбата Ѕвегорска река како што дополни прават една целина како породлжение на периферието на Делечво.

– Ѕвегор целосно ги има условите да стане приградска населба бидејќи тука минува самиот пат кон соседна Бугарија, за тоа зборува и самото проширување на селото кое од градот Делчево ги дели населбата Ѕвегорска река, така што Ѕвегор може да се каже дека многу скоро ќе прерасне во приградска населба. Ги има сите услови со инфраструктура, навистина убаво се живее во селото, истакна Новоселски.

Тој додава дека има најави за решавање на деценискиот проблем со водата за пиење и се надева дека наскоро ќе почне и самата изградба на водоводна мрежа, со цел да се реши проблемот во селото.

Готвачите кои за Илинден ја подготвуваат традиционалната манастирска манџа кажаа дека годинава за илинденскиот ручек се обезбедени 15 овни кои според нив ќе бидат доволни за да нагостат околу 400 до 450 гости.

Постарите домаќинки велат дека манастирскиот комплекс „Св. Илија“ не е посетуван само за Илинден, туку често е на мета на гости намерници и во останатите денови од годината.

– Најмногу доаѓаат кај месноста Илин Камен, се провлекуваат под каменот за рожба, доаѓаат претежно млади мајки. Погоре од манастирот се наоѓа и света водичка, така барем вели легендата, водичка за сите болести. На Илин камен доаѓаат најмногу на Ѓурѓовден, потоа ја посетуваат водата и уште еден извор кој се наоѓа подолу за кој народните преданија велат дека лекува „очобол“, а посетителите наоѓаат и друг „аман“ за болестите, додаваат дел од повозрасните жителки на село Ѕвегор.

Во текот на годината како што додадоа домаќините, манастирот е отворен за секој кој сака да го посети.

Одбележувањето на празникот Илинден во Ѕвегор и годинава е поддржан од Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски кој за присутните гости и музички групи обезбеди ладни напитоци. вс/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close