0_Спорт.ПорталФудбал

По одбивањето на Чави, Барселона разгледува други опции за наследник на Валверде

Раководството на Барселона по одбивањето на тренерот на Ал-Сад, Чави веднаш да го предводи клубот, ќе разгледа неколку сценарија, пренесува „Cadena SER“.

Барселона, 12 јануари 2020 (МИА) – Раководството на Барселона по одбивањето на тренерот на Ал-Сад, Чави веднаш да го предводи клубот, ќе разгледа неколку сценарија, пренесува „Cadena SER“.

Првата опција е да се чека Чави, а до летото привремено да го назначи Хави Гарсија Пименте, тренер на Б-тимот на каталонскиот гигант.

Втората опција е да назначи нов постојан тренер наместо Ернесто Валверде. Меѓу кандидатите се екс-тренерот на Бетис, Кике Сетен и поранешниот играч на Барса, Габриел Милито, кој го предводи Естудијантес.

„Мундо Депортиво“ информира дека Каталонците ги следат и тренерот на холандската репрезентација Роналд Куман и тренерот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, но нивното назначување е малку веројатно до Евро 2020. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close