БалканБалкан.Портал

По иранските напади словенечките војници ќе бидат евакуирани од Ирак

Шест словенечки војници, кои се стационирани во градот Ирбил во северниот дел на Ирак, набрзо ќе бидат евакуирани.

Љубљана, 8 јануари 2020 (МИА) – Шест словенечки војници, кои се стационирани во градот Ирбил во северниот дел на Ирак, набрзо ќе бидат евакуирани. Оваа одлука е донесена по иранскиот напад на аеродромот и на уште една воена база во Ирак, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките војници во Ирак се дел од германскиот контингент. За повлекувањето веќе е известен и претседателот на Словенија и врховен командант Борут Пахор, на состанокот што го имаа утрово со министерот за одбрана Крал Ерјавец и началникот на генералштабот Аленка Емец. Тие телефонски разговараа и со војниците во Ирак кои кажале дека се добро.

Инаку, одговорноста за нападите во Ирак ја презеде Иранската револуционерна гарда и тие се одмазда за ликвидацијата на нивниот командант Сулејмани. ав/

 

Таг
Back to top button
Close
Close