0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

По идејата на Заев за локални избори на 31 октомври: ВМРО-ДПМНЕ бара тие да се одржат на 17 октомври, додека за ДУИ е прифатлив кој било датум

Откако премиерот Зоран Заев изјави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека премиерот на своја рака, без консултација со останатите партии, бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври и побараа изборите да се одржат на планираниот датум, односно на 17 октомври. Додека од ДУИ информираа дека кој било датум за нив е прифатлив. 

Back to top button
Close
Close