0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

По грешките на Кепа: Лампард потврди дека Челси ќе земе нов голман

Лампард исто така потврди дека Вили Кабаљеро ќе застане под рамката на натпреварот за Карабао Купот против Барнсли во среда - одлука што беше донесена пред грешката во неделата на Кепа, што му овозможи на Садио Мане да го постигне вториот погодок за тимот од Мерсисајд за време на викендот.

Лондон, 22 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Челси, Френк Лампард потврди дека Едвард Менди е на лекарски прегледи во клубот пред трансферот од Рен за 22 милиони фунти. Со оглед на тешкотиите на Кепа Арисабалага, која повторно погреши во поразот од Ливерпул со 0-2 во неделата, Лампард бараше нов голман на лето.

– Да, Менди е на медицински прегледи Менди Ако поминат, тој ќе стане наш играч. Со него ќе обезбедиме дополнителна конкуренција за Кепа, изјави тренерот на „сините“, откако претходно ги зема Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, Маланг Сар, Хаким Зиеш и Тиаго Силва.

Лампард исто така потврди дека Вили Кабаљеро ќе застане под рамката на натпреварот за Карабао Купот против Барнсли во среда – одлука што беше донесена пред грешката во неделата на Кепа, што му овозможи на Садио Мане да го постигне вториот погодок за тимот од Мерсисајд за време на викендот.

Таг
Back to top button
Close
Close