0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

По две години судење, денеска пресуда за „Титаник 3“

Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Аљими и Исмет Гури, денеска во Кривичниот сид Скопје треба да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судијката Марија Клетничка.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Аљими и Исмет Гури, денеска во Кривичниот сид Скопје треба да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судијката Марија Клетничка.

Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. бк/са/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close