Општински вестиСкопје

По две децении обновено крводарителството во кочански „Руен Инокс Аутомобиле“

По подолг временски период, компанијата „Руен Инокс Аутомобиле“ од Кочани ја обнови хуманата традиција на поранешната фабрика за автомобилски делови „Руен“ и организираше крводарителска акција за своите работници.

Кочани, 18 јуни 2021 (МИА) – По подолг временски период, компанијата „Руен Инокс Аутомобиле“ од Кочани ја обнови хуманата традиција на поранешната фабрика за автомобилски делови „Руен“ и организираше крводарителска акција за своите работници.

Дваесет и седум хумани дарители, вработени во „Руен Инокс Автомобиле“ даруваа крв и покажаа вистински пример на хуманост и општествена солидарност.

– По околу 20 години, компанијата „Руен Инокс Аутомобиле“ ја продолжува традицијата и организира крводарителска акција за вработените. Постои голема заинтересираност и најава дека во иднина бројката на дарители ќе се зголемува, поради што планираме оваа крводарителска акција да стане традиционална и да ја организираме еднаш годишно. Во самата фабрика има висок ризик на работа, честопати на наши вработени им е потребна крв што ја обезбедуваме преку Црвен крст и затоа преку овој гест сакаме да испратиме порака за хуманост и да се заблагодариме на сите крводарители, истакна Стојан Велков, раководител на секторот за човечки ресурси во „Руен Инокс Аутомобиле“.

Акцијата се спроведе во соработка со општинскиот Црвен крст – Кочани и екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Крводарителската акција во „Руен Инокс Аутомобиле“ е пример за општествено и одговорно однесување кон заедницата, а од Црвен крст апелираа да го следат и останатите компании и институции во Кочани.та/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close