Општински вестиСкопје

По барање на жителите, општина Аеродром поставува технички средства за забавување на сообраќајот на неколку улици

Oпштина Aeродром донесе одлука на барање на жителите да се постави измена на сообраќајната сигнализација во нивната населба, со цел да се постават повеќе технички средства за забавување на сообраќајот на улиците „Горно Лисиче“, „Лисец“, „Божин Николов“ и „Горноврановска“, како и нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Одлуката следи по средбата на на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин со жителите на Горно Лисиче

Скопје, 1 март 2021 (МИА) –  Oпштина Aeродром донесе одлука на барање на жителите да се постави измена на сообраќајната сигнализација во нивната населба, со цел да се постават повеќе технички средства за забавување на сообраќајот на улиците „Горно Лисиче“, „Лисец“, „Божин Николов“ и „Горноврановска“, како и нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Одлуката следи по средбата на на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин со жителите на Горно Лисиче

-Општина Аеродром веднаш излезе во пресрет на нивните барања и изготви проектна техничка документација, која доби одобрение и од Град Скопје, но од Министерството за внатрешни работи имаше забелешки. Општина Аеродром постапи по забелешките на Министеарството за внатрешни работи, од каде што се очекува позитивен одговор, бидејќи се прифатени сите сугестии. Штом го добиеме одговорот веднаш ќе пристапиме кон реализација на проектот, а жителите на Горно Лисиче во најскоро време ќе ја добијат бараната сигнализација, стои во соопштението од општина Аеродром.

Додаваат дека Општината изминативе години вршела интервенции за подобрување на безбедноста во сообраќајот, за што како што велат од таму сведочеле поставените средства за забавување на сообраќајот пре основните училишта.свс/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close