0_Web_АктуелноГраѓански секторСкопје

По 91. пат дебармаалци со традиционалното оро ја почнаа Новата година

Со песна и оро пред култната кафеана Идадија, со топла ракија и закуска, жителите на Дебар Маало денеска традиционално ја почнаа Новата година. 

Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) – Со песна и оро пред култната кафеана Идадија, со топла ракија и закуска, жителите на Дебар Маало денеска традиционално ја почнаа Новата година.

„Македонско девојче“, „Ој Вардаре, Македонски“, „Бисер Балкански“, беа само некои од песните што можеа да се слушнат на орото.

Според обичајот, на пладне, во 12 часот, се делеше погачата, а стариот кум му ја предаде „титулата“ на новиот, кој идната година треба да ја организира прославата.

-Се собравме уште еднаш да ја прослаиме Новата година со нашето дебармаалско оро. Им посакувам на сите граѓани годинава да имаме повеќе радост и среќа, рече досегашниот кум Роберт Бојаџиев, предавајќи му го кумството на Тони Стојановски, со желба традицијата да продолжи.

Како што истакна Стојановски, додека постојат ваквите обичаи, ќе постои и македонскиот народ.

-Пред напливот на светското глобализациско чудовиште малите народи како македонскиот може да застанат исправено само со традиција, а оваа тадиција трае 91 година. Без оглед што е мала, таа е нешто големо за сите нас. На сите Македонци, без оглед каде и да се, од тука, ние дебармаалците им порачуваме дека додека постојат ваквите мали обичаи и ние ќе постоиме без оглед какви се нашите надворешни или внатрешни пријатели, а, за жал, ги има, истакна новиот кум Стојановски.

Некои од староседелците велат дека дебармаалската традиција почнала во 1928 година и наскоро се очекува да одбележи еден век постоење. мч/дма/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close