0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталОпштество

По 40 години реконструкција на патот Кажани – Маловишта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Платежната агенција и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска извршија увид во градежните активности и реконструкцијата на локалниот пат Кажани-Маловишта.

Битола, 24 февруари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Платежната агенција и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска извршија увид во градежните активности и реконструкцијата на локалниот пат Кажани-Маловишта.

Министерот Димковски потсети дека преку Програмата за рурален развој за 200 проекти се обезбедени над 38 милиони евра, а Општина Битола аплицирала со три проекти со вкупна вредност од околу 27 милиони денари.

-Денес се реконструира патот од селото Кажани до селото Маловишта. За овој зафат Владата обезбеди 16,3 милиони денари. Сите овие проекти што се реализираат на терен се потврда на мерките кои Владата ги презеде за подобрување на условите за живот во руралните средини преку инфраструктурни проекти, истакна Димковски.

Реконструкцијата на патниот правец Кажани-Маловишта се врши по пауза од 40 години, патот е крајно запуштен и оставен на немилост, нагласија Димковски, Бабовски и Петровска за време на посетата на  селото Маловишта,единствено населено место во рамки на Националниот парк „Пелистер“.

-Ги донесовме сите одлуки, планска документација и кофинансирачкиот дел во висина од 2,3 милиони денари. Продолжуваме затоа што нам ни е потребен рамномерен развој насекаде и во цела Општина. Овој патен правец ќе биде изграден за 180 денови, најави градоначалничката Петровска. мт/мч/

Back to top button
Close
Close