0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

ПМФЛ: Шкупи и Македонија ЃП ремизираа, останува трката за третото место

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона.

Скопје, 1 мај 2021 (МИА) – Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона.

Новиот шампион Шкендија загуби на домашен терен од Струга, Шкупи и Македонија ЃП одиграа нерешено и останаа на исто растојание на табелата.

Вардар уште еднаш е поразен и во последните две кола само теорија го спасува од испаѓање.

Резултати:
Пелистер – Академија Пандев 3:1
Ренова – Беласица 3:1
Шкендија – Струга Трим Лум 0:2
Шкупи – Македонија ЃП 0:0
Силекс – Борец 1:1
Вардар – Работнички 1:3.

Табела: Шкендија 71 бода, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Академија Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close