0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус

"Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека  извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен", пренесе порталот Индекс, хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада.

Загреб, 22 јуни 2020 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен за коронавирус, покажа  тестот извршен по неговиот краток престој во саботата на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар.

“Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека  извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен”, пренесе порталот Индекс, хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада.

Пленковиќ беше тестиран за коронавирус, откако во саботата беше на  тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар,  што беше прекинат кога беше откриено дека бугарскиот репрезентативец Григор Димитров е позитивен за Ковид-19. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close