Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот Адрија тур на кој тенисер бил позитивен на коронавирусот

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.

Загреб, 22 јуни 2020 (МИА) –  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.

Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс“, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание.

Димитров се дружеше со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број на деца како дел од Денот на децата, јавија хрватски медиуми. зш/

Back to top button
Close
Close