БалканБалкан.Портал

Пленковиќ ја прифати оставката на Крстичевиќ иако не го смета за виновен

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, иако не го смета за виновен.

Загреб, 8 мај 2020 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, иако не го смета за виновен.

– Вакви несреќи се случуваат. Жалам што тој се чувствува така. Го почитувам, ја прифатив неговата оставка. Нема да предложам нов министер за одбрана затоа што Владата е при крај, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Крстичевиќ детално го информирал за околностите под кои се случила вчерашната несреќа на воениот авион кај Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

Парламентарните избори во Хрватска треба да се одржат во јули, а Пленковиќ рече дека и натаму ќе смета на соработката со Крстичевиќ. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close