0_МИА Истражува.ПорталSport.SlajderДописници МКДРакометТема

Платформа за ракометна Битола

Платформата за ракометна Битола е спортски настан во градот под Пелистер за минатата година затоа што се исполнети барањата на спортската јавност за формирање единствен ракометен клуб Еурофарм Пелистер, кој веќе е регистриран со ново име.

Битола, 8 јануари 2020 (МИА) – Платформата за ракометна Битола е спортски настан во градот под Пелистер за минатата година затоа што се исполнети барањата на спортската јавност за формирање единствен ракометен клуб Еурофарм Пелистер, кој веќе е регистриран со ново име.

На денот на потпишувањето на договорот градоначалничката Наташа Петровска истакна дека спортот останува во рацете на спортистите, а претседателот на РК Еурофарм Работник, Зоран Стерјев, посочи дека платформата за ракометна Битола овозможува поголем исчекор на домашен и меѓународен терен и враќање на сјајот на битолскиот ракомет. А услови за гордост и „ракометна треска“ во Битола има бидејќи ракометарите на европскиот деби-настап оставија солиден впечаток и, што е најважно, ги совладаа најдобрите, прваците во својата група, односно Веспрем во СЕХА (26:24) и Бидасоа Ирун (25:23) во Лигата на шампионите.

Публиката се врати во реновираната спортска сала „Боро Чурлевски“, но освен ракомет, со сè поголем интерес се гледа кошарка, бидејќи КК Пелистер стана конкурентен тим во лигата, гледа одбојка бидејќи во рамките на државното првенство во категорија младинки Пелистер волеј есеноска го освои првото место, а со несмален интерес ги следи успесите и на другите спортисти, како што се членовите на спортската академија ЗА НЕД ДО, кои ги „преполнија“ витрините со медали од турнири во странство, членовите на кугларскиот клуб Пелистер, кои во машка и женска конкуренција постигнуваат одлични резултати, а респектабилни се и резултатите на младите пливачи на битолскиот клуб Олимпик, кои на меѓународниот пливачки митинг што кон крајот на декември се одржа во бугарскиот град Благоевград освоија три златни и еден бронзен медал.

Но, погледите на битолчани со непомал интерес и интензитет и понатаму се врзани со фудбалскиот клуб Пелистер, кој есенскиот дел го заврши на првото место, но во втората фудбалска лига, а јавноста во градот сака Прва лига и конечно завршување на реконструкцијата на стадионот „Под Тумбе Кафе“, за што Општина Битола издвои 5,5 милиони евра.

Со одлука на Советот на Општина Битола во 2020 година во битолскиот спорт ќе бидат вложени 32 милиони денари, а исто толку средства се очекуваат од донации. За локалните власти од посебен интерес е и новата Стратегија за спорт, која треба да придонесе побрз развој на спортот во градот.

Марјан Танушевски

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close