0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Платформа Македонски концепт: Ова е последна шанса нешто да направиме за нашата држава

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт денеска во центарот на Прилеп  ги претстави програмата и нивните решенија за тоа како во државата да завладеат основните вредности кон кои се стремат, а беше претставен и носителот на листата за пратеници во Изборната единица 4, Жарко Бошкоски.

Прилеп, 27 јуни 2020 (МИА) – Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт денеска во центарот на Прилеп  ги претстави програмата и нивните решенија за тоа како во државата да завладеат основните вредности кон кои се стремат, а беше претставен и носителот на листата за пратеници во Изборната единица 4, Жарко Бошкоски.

– Слоганот за оваа наша кампање е „Ова е последна шанса“. Последна шанса нешто да направиме за нашата држава. Како кандидат за пратеник реков дека повеќе време ќе поминам со граѓаните по изборите, отколку пред изборите. Тоа досега не го правеа останатите пратеници и граѓаните немаат такво искуство. Сакам да кажам дека јас сум кандидат за пратеник од Прилеп, гласајте за мене, бидејќи јас ќе се сретнам со вас, ќе бидам човек кој ќе ги решава вашите проблеми, изјави Жарко Бошкоски, носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 4 на платформата „Македонски концепт.

Петар Богојески, промотор на платформата „Македонски концепт“ истакна дека се залагаат за закон за политички партии, закон за влада, намалување на бројот на пратениците, но најмногу, за закон за финансиска лустрација за идните министри. ем/цр

 

Back to top button
Close
Close