0_Магазин.ПорталСцена

Пластична круна на Ноториус Биг продадена за скоро 600.000 долари

На наддавањето се продадоа и 22 љубовни писма напишани од раперот Тупак Шакур до Кети Лој во 1980-тите, додека заедно оделе во уметничкото училиште во Балтимор. Тупак беше убиен во престрелка во Лас Вегас во септември 1996 година на само 25 години.

Њујорк, 18 септември 2020 (МИА) – Пластична круна, којашто њујоршкиот рапер Кристофер Волас (попознат како Биги Смолс или Ноториус Биг) ја купил за само шест долари, беше продадена на аукција на „Сотби“ во Њујорк, за 594.750 долари.

Пластичната круна досега беше кај Барон Клајборн, фотограф кој направил фотосесија за списанието „Рап пејџ“ во Менхетен на 6 март 1997 година, три дена пред Биги да биде убиен во Лос Анџелес.

Круната постигна скоро двојно поголема цена од првично проценетата. Одговорните во „Сотби“ очекуваа таа да достигне 300.000 американски долари.

На наддавањето се продадоа и 22 љубовни писма напишани од раперот Тупак Шакур до Кети Лој во 1980-тите, додека заедно оделе во уметничкото училиште во Балтимор. Тупак беше убиен во престрелка во Лас Вегас во септември 1996 година на само 25 години. Неговите писма достигнаа цена од 75.600 долари.

Дел од заработката од оваа аукција ќе бидат исплатени на здруженија како што се Билдинг битс, што се залага за еманципација преку музиката. си/

Таг
Back to top button
Close
Close