БизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономија

Планот за есенската сеидба во Виничко реализиран со 99,5 отсто

Сеидбата на земјоделските култури во текот на есента во општина Виница е реализирана на 650 хектари од планираните површини, со што планот е исполнет со 99,5 отсто.

Виница, 27 јануари 2021 (МИА) – Сеидбата на земјоделските култури во текот на есента во општина Виница е реализирана на 650 хектари од планираните површини, со што планот е исполнет со 99,5 отсто.

Најзастапени се пченицата на 300 и јачменот на 282 хектара, а останатите површини се засеани со `рж и други житни култури. Од вкупно засеаните земјоделски парцели, 123 хектари се во сопственост на претпријатијата, а остатокот е во индивидуалниот сектор.

– Почетокот на есенската сеидба беше со мало задоцнување поради сушата и недостигот од влага во почвата. По врнежите од дожд, проблемите беа брзо надминати и се создадоа услови за квалитетна подготовка на нивите и успешно завршување на сеидбените активности. Немаше проблеми ниту во обезбедувањето семенски материјал и вештачки ѓубрива, со оглед што добавувачите навремено ги испорачаа до производителите, се истакнува во писменото известување од Подрачната единица на Министерството за земјоделство од Виница.

Во текот на есента во индивидуалниот сектор на два хектари е засеан афион, а на три хектари се застапени фуражните култури.

За разлика од претходниот период, оваа есен во виничкиот регион за сеидба не беа планирани маслодајна репка и други индустриски култури.та/мч/

Back to top button
Close
Close