Дописници МКДОпштински вести

Планирани 1,5 милион денари за ридско-планински патишта во Кочанско

Локалната самоуправа на Кочани годинава ќе инвестира околу 1,5 милион денари за пробивање и расчистување на патиштата во ридско-планинскиот регион во Општината, на оддалеченост до 30 километри од градот.

Кочани, 19 февруари 2019 (МИА) – Локалната самоуправа на Кочани годинава ќе инвестира околу 1,5 милион денари за пробивање и расчистување на патиштата во ридско-планинскиот регион во Општината, на оддалеченост до 30 километри од градот.

Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, согласно Програмата за уредување на просторот во руралните подрачја за 2020 година, за да се подобри проодноста на земјените коловози до оддалечените и тешко пристапни рурални места на територијата на Општината.

– Во споредба со лани, годинава се планирани повеќе средства за расчистување и порамнување на патиштата во ридско-планинскиот дел, односно зголемувањето е за околу 250 илјади денари. Според предмерот во техничката спецификација, предвидено е дел од парите да се потрошат за пробивање на неколку километри коловоз, а останатите ќе се наменат за прочистување на патишта во должина од 30 километри. Уште 90 километри треба да бидат порамнети со машина грејдер. Освен тоа, ќе се набават и распостелат околу 90 метри кубни дробен камен што служи за тампонирање на коловозите, истакна, помошник раководителот на општинскиот Сектор за уредување на градежно земјиште, Влатко Димитров.

До крајот на февруари треба да се избере фирма што ќе го обезбеди пробивањето и прочистувањето на патиштата, а градежните работи ќе се изведуваат сукцесивно во наредните 12 месеци, согласно потребите на терен.

Покрај инвестирањето во патиштата во руралните средини, локалната самоуправа на Кочани обезбеди уште 8,5 милиони денари за реконструкција на седум улици во градот, а градежните работи ќе започнат на почетокот од март. та/сп/

Back to top button
Close
Close