0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиОстанатоСпорт

Планинари од Кичево се искачија на врвот Лиска на Илинска планина

Најновата љубов на Никола Миланоски  е искачувањето и освојувањето на планински врвови. Последниот планински врв на кој се искачи овој викенд со својот другар Дарко Спасеноски е врвот Лиска, на 1908 метри, највисоката кота на Илинска планина.

Кичево, 13 април 2021 (МИА) – Најновата љубов на Никола Миланоски  е искачувањето и освојувањето на планински врвови. Последниот планински врв на кој се искачи овој викенд со својот другар Дарко Спасеноски е врвот Лиска, на 1908 метри, највисоката кота на Илинска планина.

– Искачувањето на врвот Лиска го започнавме од село Прострање во 8:30 часот, од каде по 3,5 часа пешачење по сончево и пријатно време се искачивме на се уште снежниот врв Лиска, на 1908 метри надморска висина. На ова искачување препешачивме околу 12,5 километри, најпрво се движевме по шумски колски пат, за потоа да продолжиме по тесни планински патчиња и на последниот километар по снежна патека на бел покривач длабок околу половина метар стигнавме до крајната цел врвот Лиска, од каде што допира погледот до речиси половина Македонија. Од Пелагонија, до Дебарца, Кичевијата и Демирхисарско, вели Никола, кој истакнува дека бил одушевен од убавините на природата со кои попатно се среќавале, од големиот број извори на обична и минерална вода до мали рекички, до разни штотуку расцветани шумски растенија и непосредни средби со срни и елени.

– Додека стигнавме до врвот Лиска, имавме можност да уживаме во многуте планински извори на обична и минерална вода и поголем број рекички со бистра планинска вода, кои лесно ги минавме и попатно уживавме во преубавите планински растенија во екот на цветањето, а посебно доживување ни беа блиските средби со срни и елени. После триесетина минути колку што се задржавме на врвот Лиска и 2,5 часа спуштање од врвот и, повторно се вративме во село Прострање, изморени но презадоволни од она што го доживеавме на ова искачување, додава Миланоски и најави скорешно искачување на највисокиот планински врв во земјава, врвот Кораб.за/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close