Дописници МКДОпштински вести

План за управување со животната средина за изградба на нов плоштад во Крива Паланка

Општина Крива Паланка објави план за управување со животната средина и социјалните аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа, Фестивалска туристичка атракција” што е планирано да се имплементира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Крива Паланка, 6 февруари 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка објави план за управување со животната средина и социјалните аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа, Фестивалска туристичка атракција” што е планирано да се имплементира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Од општинската служба за комуникација со јавноста посочуваат дека како дел од проектната апликација на општината од проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)” за реконструкција на градскиот плоштад во централното градско подрачје, подготвен е план за управување со животната средина и социјални аспекти за проектот со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција на градскиот плоштад.

-Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности, а истиот е достапен на веб-страната на општината www.krivapalanka.gov.mk со формулар за коментари од граѓаните, достапен на три јазици: македонски, англиски и албански јазик и ги охрабруваме граѓаните доколку имаат какви било коментари и сугестии истото да го сторат во најскоро време, посочуваат од прес-службата на Општината.

Планот и формуларот за коментари се достапни на www.krivapalanka.gov.mk/soopstenija/20096.

„Крива Паланка – Источна порта кон Европа, Фестивалска туристичка атракција” ќе се спроведе во рамки на проектот „Локална и регионална конкурентност“ поддржан од ЕУ. ид/хс/

Back to top button
Close
Close