0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

ПЛ: Тотенхем поразен дома од Вулверхемптон, Јунајтед ремизира на гости кај Евертон

Со освоените 3 бода, Волверхемптон се искачи на 6-та позиција во пласманот и го престигна Тотенхем, кој сега е на 7-то место. „Волците“ имаат 42 поени, додека нивниот денешен има 40.

Лондон, 1 март 2020 (МИА) – Екипата на Вулверхемптон запиша гостинска победа со 3-2 над Тотенхем во дуел од Премиер лигата.

Домаќините отворија рано со погодокот на Стивен Бергвин, но Мет Доерти изедначи кон средината на првото полувреме. Серж Орие сепак ја врати предноста на „спарси“ при крајот на првиот дел, но „волците“ одиграа уникатно второ полувреме и успеаја да направат целосен пресврт.

Диого Жота прво го изедначи резултатот, а потоа Раул Хименез донесе победа за својот тим.

Со освоените 3 бода, Волверхемптон се искачи на 6-та позиција во пласманот и го престигна Тотенхем, кој сега е на 7-то место. „Волците“ имаат 42 поени, додека нивниот денешен има 40.

Манчестер Јунајтед одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Евертон во меч од 28-то коло од Премиер лигата.

Домашната екипа го отвори резултатот уште во 3. минута преку Калверт-Левин по нова грешка на голманот Давид де Хеа.

Гостинската екипа пак израмни со погодокот на Фернандеш во 31. минута.

До самиот крај, двата тима се обидоа да постигнат решавачки гол, но без успех.

Јунајтед е на 5-то место со 42 бода по овој натпревар, а Евертон се на 11-то место со 37 бода.

Во последните секунди Евертон постигна гол, но тој беше поништен по интервенцијата на ВАР-интервенцијата.

Таг
Back to top button
Close
Close