Дописници МКДОпштински вести

„Пивтијада“ по 19. пат во Куманово

По 19-ти пат во Куманово се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада“ во организација на мултимедијалниот центар „Карпино“.

Куманово, 19 јануари 2020 (МИА) – По 19-ти пат во Куманово се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада“ во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“.

На манифестацијата учествуваа 19 домаќинки кои се натпреваруваа во подготовка на зимскиот специјалитет пивтија. Најдобра годинава беше прогласена пивтијата на Лидија Масевска, второ место Тања Ангеловска, а трето Владанка Поповска. За најдобро декорирана беше избарана пивтијата на Лила Божиновска.

– Кумановска пивтијада е позната манифестација. Се наближуваме до 20-годишнината, опстојуваме успешно, изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијалниот центар „Карпино“.

Долгогодишниот готвач, сега во пензија, и член на стручно жири кое ги оценуваше пивтиите, Влајко Петковски вели дека за подготовка на пивтијата потребно е тивко варење на месото, избалансирана количина на лук и сол.

– Пивтијата треба да е проѕирна, без маснотии. Ние оценуваме бистрина, цврстина, сол и лук, вели Петковски.

На манифестацијата беа избрани нови кумови, овојпат Здружението на чевлари од градот.

– Се надевам на успех на здружението, изјави Лидија Милановска од Здружението на чевлари Куманово. ам/мс/

Back to top button
Close
Close