0_Спорт.ПорталФудбал

Питер Бос: Интер има добар тим, но Баер Леверкузен може да ги помине

Тренерот на Баер, Питер Бозе е оптимист дека неговиот тим може да го елиминира Интер во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Дизелдорф, 10 август 2020 (МИА) – Тренерот на Баер, Питер Бозе е оптимист дека неговиот тим може да го елиминира Интер во четвртфиналето од Лигата на Европа.

– Не се плашиме од никого, но секогаш ги почитуваме нашите противници и знаеме дека Интер е силен тим. Ова го видовме во Серија А и секако во Лига Европа. Значи, тие имаат добар тим, но ние можеме да ги поминеме. Имаме тим кој секогаш постигнува голови – на секој натпревар и против секој противник. Се соочуваме со отсуство на неколку стандардни првотимци, но покажавме во текот на сезоната дека имаме пристојна замена за секоја позиција, изјави Бос.

Натпреварот Баер Леверкузен – Интер е закажан за вечер во 21 часот на неутрален терен во Дизелдорф. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close