0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderSvet.SlajderБалканБалкан.ПорталПолитика

Писонеро: Новата ЕК сака што повеќе да го доближи Западен Балкан до ЕУ

Порпаролката на комесарот за проширување Ана Писонеро вели дека цел на новата Европска комисија е во својот мандат што повеќе Западен Балкан до го доближи до ЕУ.

Брисел, 2 декември 2019 (МИА) – Порпаролката на комесарот за проширување Ана Писонеро вели дека цел на новата Европска комисија е во својот мандат што повеќе Западен Балкан до го доближи до ЕУ.

-Дебатата за реформата на политиката на проширување веќе се води  меѓу земјите членки, а ЕК ќе ги изнесе своите идеи кога ќе биде повикана за тоа, рече Писонеро.

Таа додаде дека земјите членки се уште официјално не побарале од Европската комисија да изработи свој предлог за методологијата на процесот на пристапување.

-Го добивме францускиот предлог. Тоа е придонес кон дебатата која трае меѓу земјите членки, наведе Писонеро.

Таа кажа дека Комисијата е отворена да разговара за реформата на проширувањето, но дека нејзин моменателен приоритет е отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

-Двете земји тоа го заслужија, наведе Писонеро, која на позицијата портпаролка на комисијата за  проширување ја замени Маја Коцијанчиќ.

Таа, исто така, кажа и дека ЕК и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, се децидни во ставот дека Западен Балкан има јасна ЕУ перспектива. сд/

Back to top button
Close
Close