0_Спорт.ПорталФудбал

Пирло по поразот од Порто: Тешко е кога ќе примите гол во првите минути

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ги кажа своите впечатоци по првиот натпревар со Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто. Португалскиот тим синоќа победи со 2:1.

Порто, 18 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ги кажа своите впечатоци по првиот натпревар со Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто. Португалскиот тим синоќа победи со 2:1.

– Кога ќе примите го во првите минути, станува многу тешко, особено кога играте против тим како Порто, кој се брани со две компактни линии и малку дозволува да го загрозите. Ние им допуштивме да играат како што посакуваа. Моравме да играме со топката подобро и побрзо. Порто беше одличен во покривањето на слободните зони во центарот на теренот и требаше подобро да ги искористиме крилните позиции, но со бавно играње со топка, ова не е лесно. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни, изјави Пирло.

Возвратниот натпревар е закажан за 9 март на теренот на Јувентус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close